Шумите се клучна алатка за борба против климатските промени и заштита на милиони видови што се на работ на исчезнување. Но, и тие се под голем ризик. Способноста на дрвјата да апсорбираат јаглероден диоксид инспирира многу луѓе да ги обноват заштитените земјишта и да размислуваат различно за зачувувањето на шумите.
Токму страста за заштита на шумите ги инспирира војводата и војвотката од Сасекс да посетат делови од Африка, вклучувајќи ги и Боцвана, Ангола и Малави.
Денес, војводата од Сасекс, принцот Хари, ги додаде националниот парк Ливонд и шумата Мангочи во Малави во иницијативата „Commonwealth Canopy“ на кралицата.
Инспириран делумно од нагонот да ја заштити шумската крошна за многу суштества на Земјата, војводата од Саскес и иницијативата „Commonwealth Canopy“ го презедоа инстаграм-профилот на „
Нешнл џиографик“ за да споделат фотографии од величествените дрвја.