X
 04.01.2019 Живот

Од каде потекнува изразот „темната страна“ на Месечината?

Таканаречената темна страна на Месечината долго време се сметаше за мистерија бидејќи не беше видлива од Земјата. Но, изгледот не ѝ е темен, иако легендарниот албум на „Пинк Флојд“ - „Темната страна на Месечината“ од 1973 година ја зацврстил таквата идеја во нашата имагинација.

Факт е дека Месечината кружи околу Земјата, но секогаш свртена од истата страна. За Месечината да направи полн круг, потребни ѝ се четири недели и во тој период Сонцето фрла светлина врз сите нејзини делови. Така што не постои темна страна на Месечината.

Кога Месечината е полна, онаа страна што е насочена кон Земјата сјае поради Сончевите зраци и затоа ние ја гледаме како светла. Кога Месечината е млада, Сонцето фрла светлина врз онаа страна на Месечината што ние не ја гледаме. Тоа лесно може да се тестира со детска кукла чие лице е Месечината, јаболко кое ја претставува Земјата и светлината што допира низ прозорецот, односно Сонцето.

месечина
Фото: N.N.


И додека куклата кружи околу јаболкото секогаш лицето ѝ е свртено кон него, нејзиното лице еднаш ќе биде осветлено со светлината што допира низ прозорецот, но и нејзиното теме.

Првите фотографии од „темната“ страна на Месечината ги снимила советската сонда „Луна 3“ во 1959 година. Американските астронаути во мисијата „Аполо 8“ се првите што ја виделе таа страна со голо око во 1968 година.

Кина во четвртокот стана првата земја што на темната страна успеа да спушти летало, модулот „Чанг'e 4“.

„Темната страна на Месечината“, името на еден од најпродаваните албуми во историјата на музиката, не го измислиле членовите на „Пинк Флојд“. Името е метафора од американскиот писател Марк Твен, кој напишал дека секоја Месечина има темна страна што не ја покажува никому. Но, тој не мислел на астрономијата, туку на карактерот на Месечината.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот