X
 04.05.2021 Живот

Десетмина среќници ќе бидат платени за да гледаат фотографии од кутриња

Британската компанија што произведува храна за кучиња „Продог ро“ неодамна прашала 1.402 луѓе каква фотографија би претпочитале да видат на социјалните мрежи: нечие селфи или фотографија од маче или куче. Речиси три четвртини од сите испитаници ја одбрале фотографијата од миленик.

Тоа ги поттикнало истражувачите да помислат дека гледањето фотографија од куче или маче можеби несвесно предизвикува позитивна реакција. Фирмата сега ќе ја тестира оваа хипотеза и планира да вработи 10 луѓе кои ќе гледаат фотографии од кутриња додека се следи работата на нивното срце.


Фото: Pixabay

Фирмата објавила оглас за кандидати на возраст од 18 и 60 години кои користат социјални мрежи, имаат пристап до интернет и работат на работна маса. Успешните кандидати ќе добијат по пошта уреди за следење на работата на срцето, а податоците од овој уред ќе се испраќаат до фирмата преку специјална апликација.

Фирмата потоа ќе ги испрати овие податоци до лекар кој треба да донесе заклучоци за ефектот од гледање во фотографии од кутриња.

Веројатно многу лица би се согласиле да го прават ова и бесплатно, но фирмата ќе им плати на успешните кандидати околу 167 долари на ден. За жал, пријавувањето за ангажманот е завршено, но се надеваме дека истражувањето ќе има и втор дел во кој ќе бидат потребни уште кандидати. Згора на тоа, ги очекуваме и резултатите. 

Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот