X
 29.11.2023 Живот

Пред „Гугл“, луѓето им поставувале прашања на библиотекарите

Што правите кога имате прашања? Денес, повеќето луѓе се насочуваат кон пребарување на „Гугл“.

Но, во 20 век луѓето со повеќе знаење самите беа веб-пребарувачи, а библиотеките полни со книги беа интернетот. Така, ако живеевте во 1966 година и ако имавте прашање, тогаш ќе можевте да му го поставите на вашиот локален библиотекар и да побарате од него да ве насочи каде да го најдете одговорот.

1

Телефонот на јавната библиотека во Њујорк бил основан во 1967 година, но и пред тоа љубопитните граѓани се јавувале со прашања. Многу од овие прашања биле документирани од библиотекарите и тие вклучуваат забавни и интересни увиди во потрагата на луѓето по информации.

Прашањата се запишувале на мали картички, на машина за пишување или рачно, па честопати прашањата биле забележани заедно со одговорите. Луѓето прашувале за различни работи.

2

Така, во 1963 година некој прашал: „Некоја статистика за животниот век на напуштена жена?“ - можете само да ја замислите приказната зад прашањето. Другите прашања очигледно биле инспирирани од настани што неодамна им се случиле на луѓето.

На 27 мај 1947 година некој прашал: „Што значи кога сонувате дека ве брка слон?“, меѓутоа, прашањето не добило одговор.

3

Други прашања имаат малку морничав призвук. На 30 ноември 1948 година некој прашал: „Каде можам да ги добијам сите достапни статистички податоци за обемот на бизнисот, парите итн. во продажба на трупови?“ Во 1975 година еден љубител на уметноста прашал: „Зошто англиските слики од 18 век имаат толку многу верверички на нив и како тие ги скротиле за да не го каснат сликарот?“

5

- Нема глупави прашања. Сè е момент за учење. Ние не ги срамиме луѓето, туку се обидуваме искрено да одговориме на сите прашања што ги имаат и се обидуваме да ги упатиме до соодветните ресурси што би можеле да бидат корисни - вели библиотекарката Роаз Кабалеро-Ли.

6

Извор: Mymodernmet.com
Фото:  Mymodernmet
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот