X
 04.07.2019 Здравје

Дебелината предизвикува повеќе видови рак отколку пушењето

Дебелите луѓе сега ги надминуваат пушачите, предупредува Организацијата за истражување на рак на Велика Британија. Дебелината предизвикува повеќе случаи на некои видови рак од цигарите.

Организацијата вели дека треба да се направи повеќе за да им се помогне на луѓето да изгубат телесна тежина за да го намалат ризикот од рак. Дебелината е причина за 13 различни вида рак и го надминува пушењето како водечка причина за четири вида рак.

Анализата на организацијата покажува дека вишокот тежина предизвикува околу 1.900 случаи на рак на дебелото црево, повеќе од пушењето, во Велика Британија. Исто така, предизвикува 1.400 случаи на рак на бубрезите, 460 случаи на рак на јајчниците и 180 случаи на рак на црниот дроб.

Националните податоци покажуваат дека околу една третина од возрасните во Велика Британија се дебели, додека околу третина се со прекумерна тежина.

Организацијата за истражување на ракот на Обединетото Кралство користела податоци од 2017 година за да покаже дека имало 13,4 милиони непушачи што биле дебели.

Во меѓувреме, 6,3 милиони возрасни пушачи не биле дебели, а 1,5 милион пушачи биле дебели.

- Бидејќи стапките на пушење паѓаат, а стапките на прекумерна телесна тежина се зголемуваат, јасно можеме да го видиме влијанието врз националната здравствена криза кога владата ќе примени соодветни политики - вели Мишел Мичел, главен извршен директор на организацијата.

- Нашите деца би можеле да се генерација што не пуши, но стигнавме до катастрофални рекорди на дебелина во детството и сега ни е потребна идна владина интервенција за ставање крај на епидемијата. Научниците досега идентификуваа дека дебелината предизвикува 13 вида рак, но механизмите не се целосно разбрани. Затоа, потребни се понатамошни истражувања за да се открие како прекумерната тежина може да доведе до рак - додава тој.

Организацијата ја повикува владата да дејствува за да ја преполови стапката на дебелина во детството до 2030 година и да забрани реклами за брза храна на телевизија и интернет по 21 часот. Другите мерки треба да вклучат ограничување на промотивните понуди за нездрава храна и пијалаци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје