X
 04.09.2021 Наука

Научници тврдат дека откриле начин за стопирање на стареењето на клетките

Научници од Технолошкиот институт „Текнион“ во Израел тврдат дека откриле начин како да го вратат наназад процесот на природно стареење на клетките на имунолошкиот систем. Со тоа постарите лица би можеле да бидат поотпорни на зарази како ковид-19.

Истражувачите откриле начин на молекуларно ниво со кој би го поттикнале создавањето на клетките кои телото природно престанува да ги создава подоцна во животот.

Според нивната хипотеза, тоа би можело да се направи со потиснување на специфичен хормон, што би довело до задржувањето на функцијата на имунолошкиот систем и во постарите години, според истражување објавено во списанието „Блад“.

Истражувачите ги идентификувале специфичните хормони кои го стопираат создавањето на клетките кои имунолошкиот систем ги користи во борбата против заразите.

Во следната фаза научниците треба да спроведат клинички испитувања за да ја потврдат хипотезата.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука