X
 13.09.2024 Вработување

Цементарница УСЈЕ вработува инженер за техничка поддршка на клиенти

ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ АД СКОПЈЕ,
ГРУПАЦИЈА ТИТАН ВРАБОТУВА
ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА КЛИЕНТИ

Придружете се на нашиот тим во Цементарница УСЈЕ, водечкa компанија во цементната индустрија посветена на извонредност во производството и одржливоста. Фокусирани сме на содзавање производи со висок квалитет, при што го минимизираме нашето влијание врз животната средина. Заради проширување на нашите активности, бараме Инженер за техничка поддршка на клиенти да се приклучи на нашиот динамичен тим.

ЗА ПОЗИЦИЈАТА
Инженерот за техничка поддршка на клиенти со своето техничко знаење од областа на цемент и цементни производи им дава техничка поддршка на нашите клиенти со цел да се оптимизира нивното производство, промовираат позитивните индустриски пракси, техничките стандарди и новите производи на нашата компанија. За својата работа одговара
директно на Менаџерот за продажба.
• Во соработка со референтите за продажба, Инженерот ги посетува клиентите за цемент или готов бетон.
• Ги утврдува потребите на купувачите и проактивно го промовира брендот на ТИТАН
• Одржува цврсти односи со купувачите и е проактивен во утврдување на нивните потреби
• Ги согледува сите аспекти на работењето на клиентите како што се процес на производство, персонал, усогласеност со техничките стандарди и регулативата
• На барање на клиентите дава совети и сугестии за подобрување на некој од аспектите
• Во соработка со нашата лабораторија за готов бетон или за цемент се креираат производи по барање на клиентите, на пример рецептури за готов бетон, цементи кои не се во постојната палета на производи и сл.
• Делува во согласност со најдобрите практики и политиката за безбедност и здравје и политиката за животна средина на ТИТАН

ВЕШТИНИ И КВАЛИФИКАЦИИ
• Високо образование, VII/1 степен (240 кредити) од областа на градежништво, архитектура или технологија на неметали
• Претходно искуство во производство на цементни производи ќе се смета за предност
• Познавање на технички стандарди и регулатива за цемент и бетон
• Одлично познавање на англискиот јазик (писмен и усен)
• Одлично познавање на MS Office апликациите
• Одлични комуникациски вештини
• Иновативност и подготвеност за спроведување промени
• Возачка дозвола

ДОПОЛНИТЕЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Аналитички способности, прецизност во работењето
Организациски способности
Тимско работењето и кооперативност
Флексибилност и адаптибилност

ШТО НУДИМЕ
o Атрактивен пакет за наградување и бенефиции, вклучувајќи:
o Стимулации и бонуси
o Бенефиции за благосостојба: приватно здравствено осигурување, бесплатни спортски активности, бесплатен оброк, бесплатни правни и финансиски консултации
o Максимален износ на регрес за годишен одмор
o Родителски и семејни бенефиции
o Можности за развој на кариера и обука
o Позитивна работна средина.

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на
неопределено време.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата
на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера / Придружете ни се.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува
соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална
ориентација, религија или убедување.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Активен до:    23.09.2024

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Вработување