X
 13.09.2024 Вработување

Цементарница УСЈЕ вработува сметководители

ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ АД СКОПЈЕ,
ГРУПАЦИЈА ТИТАН ВРАБОТУВА
СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Придружете се на нашиот тим во Цементарница УСЈЕ, водечкa компанија во цементната индустрија посветена на извонредност во производството и одржливоста. Фокусирани сме на содзавање производи со висок квалитет, при што го минимизираме нашето влијание врз животната средина. Заради проширување на нашите активности, бараме сметководители да се приклучат на нашиот динамичен тим.

ЗА ПОЗИЦИЈАТА
Сметководителот извршува работни задачи во Службата за сметководство, со следните одговорности:
- Книжење и проверка на влезни и излезни фактури за добра и услуги, книжни одобренија,
задолженија, рабати и попусти, банкарски изводи, исплати по различни основи на
вработени и надворешни физички лица, трансакции поврзани со основни средства, и сите
други трансакции кои произлегуваат од специфичноста на работењето на компанијата;
- Следење на побарувања од купувачи и неплатените обврски спрема добавувачите
(домашни и странски) и усогласување на состојбите;
- Книжење на даноци
- Анализа на трошоци, и други анализи на барање на претпоставениот
- Работа во оперативен систем - САП

ВЕШТИНИ И КВАЛИФИКАЦИИ
• Високо образование VII степен, Економски факултет
• Лиценца за овластен сметководител
• Со најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи
• Познавaње на законската регулатива особено на даночната
• Познавање на сметководствени стандарди применливи во Р.С.Македонија
• Познавање на работа SAP систем ќе се смета за предност
• Познавање на англиски јазик

ДОПОЛНИТЕЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Аналитички способности, прецизност во работењето
Организациски способности
Одлични комуникациски способности
Тимско работењето и кооперативност
Флексибилност и адаптибилност

ШТО НУДИМЕ
o Атрактивен пакет за наградување и бенефиции, вклучувајќи:
o Стимулации и бонуси
o Бенефиции за благосостојба: приватно здравствено осигурување, бесплатни спортски активности, бесплатен оброк, бесплатни правни и финансиски консултации
o Максимален износ на регрес за годишен одмор
o Родителски и семејни бенефиции
o Можности за развој на кариера и обука
o Позитивна работна средина.

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на
неопределено време.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата
на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера / Придружете ни се.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува
соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална
ориентација, религија или убедување.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Активен до:    23.09.2024

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Вработување