Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на Мунги Бавенди, Луис Брус и Алексеј Екимов за нивната работа на мали квантни точки, наночестички толку ситни што нивната големина ги одредува нивните својства.
Денешното доделување на Нобеловата награда го најави Ханс Елегрен, генерален секретар на Шведската кралска академија на науките.
Квантните честички имаат уникатни својства и ја шират својата светлина во секојдневните уреди што ги користиме, на пример, од телевизиски екрани и од ЛЕД-светилките.
Извор: МИА