X
 04.11.2019 Живот

Најстарата руска поштарка им пркоси на тешките услови и разнесува пошта по планинските села

Поштарката Екатерина Џалева има 83 години и подолго од 50 години разнесува пошта пеш по истата планинска маршрута во Северна Осетија. Таа дневно обиколува три села и пешачи по околу 40 километри. Тоа го прави шест дена во неделата.

Џалева признава дека денес често забошотува бидејќи луѓето на кои им носи вести ја превезуваат со автомобили до некаде, а со оглед на тоа дека сите ја знаат, секогаш некој ја препознава на патот и ја превезува.

- Мојата плата не е голема, но ми помага. Полесно ми е кога одам. Полесно ми е кога разговарам со луѓето. Во животот многу патев, а кога не работам ништо, мислам на тоа и ми е тешко. Но, кога ќе излезам од дома, ми станува полесно - вели таа.


Џалеваја избрала професијата уште кога била дете благодарение на локалниот поштар кој носел вести од фронтот за време на Втората светска војна.

- Си реков дека кога ќе пораснам, ќе станам поштар. Потоа луѓето ќе ме чекаат мене и ќе ме сакаат - вели ветеранката на поштенската служба.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот