X
 05.03.2021 Култура

Неверојатен „Театар на полици за книги“ претставен во Музејот за култура „Кадокава“ во Токио

Ако сте страстен читател и обожавате пријатни ентериери, нема ништо повозбудливо од ѕид со полици со книги. Новиот музеј за култура „Кадокава“ во Јапонија, дизајниран од познатиот архитект Кенго Кума, има неверојатен ентериер исполнет со книги. Кума дизајнирал уникатен систем со дрвени полици кои се протегаат од подот до таванот и продолжува низ лебдечките дрвени панели. Фотографот Рјосуке Косуге имал можност да го овековечи овој простор во серија фотографии кои ја слават импресивната колекција.

Музејот на културата „Кадакова“ е дизајниран како мултифункционална зграда во градот Токорозава Сакура, лоциран на 30 километри од центарот на Токио. Оваа област вклучува нови туристички дестинации, како аниме-хотел и светилиште дизајнирано од Кума. Музејот има интересна гранитна фасада со драматични аголни линии и голем влез со монументални скали.

1

2

Внатрешниот простор што Косуге го фотографирал се наоѓа на четвртиот кат во музејот и функционира и како библиотека и како театарски простор. Проекциското мапирање користи 500.000 книги како дел од различни експонати, што му дава друга функција на просторот. Оние што сакаат да ги читаат книгите можат да пристапат до некои од горните нивоа следејќи серија метални патеки што се искачуваат на библиотеката висока 7 метри.

Иако веројатно би можеле да поминете часови разгледувајќи ги насловите, музејот има и други работи што може да ги понуди на другите катови. На првиот кат има простории за галерии за привремени изложби и мала библиотека. Погоре може да најдете кафуле, продавница, ресторан и цел кат посветен на уметноста на аниме. Сигов Матсуока, директор на музејот за култура, смета дека оваа зграда е можност да се поттикне имагинацијата што може да создаде позитивни и значајни промени.

3

4

- Иако светот и Јапонија денес се борат со ефектите на проникната, невидлива моќ, сите ние се обидуваме да возвратиме и да воспоставиме нов изглед на иднината на човештвото. Произлегуваат предизвици од сложената околина и мрежите, што резултира во мутација на гените и вирусите. Сепак, цивилизациите и културите имаат историја на претворање на невидливата моќ во видливи форми. И за локалните жители и за глобалните граѓани, „Кадокава“ ќе се посвети на претворање на невидливото во видливо најдобро што може - вели тој.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Ryosuke Kosuge
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура