Преку ваквите тестови истражувачите се обидуваат да откријат колку луѓето се критички настроени кон светот, дали обрнуваат внимание на фактите и колку се способни да забележат лага која е вешто скриена во контекст на прашањето.
Колку, од сите видови животни, наводно зел со себе Мојсеј во својата арка во пресрет на големиот потоп? Размислете добро затоа што ова не е само брз тест на знаење - лутиот старозаветен бог го казнува човечкиот род со поплава од огромни размери и единственото суво место на планетата е древниот брод што брановите го носат 40 дена, додека еден гулаб укажува на крајот на катастрофата.
Ако веднаш, или при описот на поплавата, помисливте на два слона, два мајмуни, две зебри... и одговоривте „2“, давате одговор на погрешно прашање. Имено, ако го прочитате повнимателно, може да забележите дека е погрешно поставено. Херојот на библискиот мит за потопот, кој го спасил живиот свет на арката, не е Мојсеј, туку Ное, додека Мојсеј бил првиот што го извадил народот на Израел од египетското ропство.
Токму ова прашање, со сосема банална грешка во името на библискиот херој, е употребено во голем број психолошки студии, а феноменот што повеќето луѓе воопшто не го забележуваат е познат како илузијата на Мојсеј. Во оригиналната студија од 1981 година насловена „Од зборови до значење: семантичка илузија“, дури 80 отсто од испитаниците паднале на овој трик.
Притоа, во ова истражување испитаниците прво биле прашани кој бил Ное, а кој Мојсеј, а потоа и покрај тоа што претходно одговориле точно, биле измамени од прашањето. Илузијата се јавува и кога испитаниците се предупредени дека некои прашања можеби не биле правилно поставени (им бил покажан пример за прашање со погрешно име), како и кога нема временско ограничување за размислување за одговорот.
Преку ваквите тестови истражувачите се обидуваат да откријат колку луѓето се критички настроени кон светот, дали обрнуваат внимание на фактите и колку се способни да забележат лага која е вешто скриена во контекст на прашањето. Покрај горенаведеното, истражувањето користи и други „погрешни“ прашања како што се: „Која националност е Томас Едисон, пронаоѓачот на телефонот?“ и „Што рекол Луис Армстронг кога слетал на Месечината?“
Може да се каже и дека таквото истражување не е етичко бидејќи испитувачите ги мамат испитаниците кои не го очекуваат тоа. Сепак, благодарение на нив дознаваме за методите кои инаку се користат како средство за манипулирање и ширење лажни информации. По којзнае кој пат, концентрирајќи се на одговорот, усвоивме неточни констатации од прашањето за квалитетот на прехранбените производи, лековите, како и разни други штети и опасности.
Теоретичарите Елизабет Марш и Шарда Уманат во 2014 година го дефинираа поимот „занемарување на знаењето“ како феномен на кој не секогаш можеме да се повикаме и да го примениме знаењето што веќе го имаме, наведувајќи дека илузијата на Мојсеј е таков пример.
Една добро позната студија објавена во списанието „Псајколоџикал сајнс“ во 2000 година ги наведува механизмите што водат до илузијата на Мојсеј - едниот е семантичка сличност (и двата херои, Ное и Мојсеј се библиски ликови), а другиот е одредена фонолошка сличност (имиња почнуваат со слогови „мој“ и „ној“).
Извор:
National Geogprahic
Фото:
Wikipedia