Лицевата регија е дел на кој најмногу се обрнува внимание и тој е индикатор за одредени дијагнози, но и показател за одредени навики во рамките на хигиено-диететски режим.
Главни карактеристики, но и разлики кај овие три дијагнози се следните:
1. Дисебореа
-воспаление на лојни жлезди
-кожата е масна и сјајна
-пилосебацеални пори се проширени со фази на хиперкератоза, комедони и цисти
-на глава жаришта се како географска карта со рабови како корона, меѓу коса и кожа
-на лице најчесто е над веѓи, назолабијални бразди, зад уши и на стернум.
2. Акни
-воспаление на пилосебацеални фоликули, најчесто предизвикано од propionbacterium acnaе
-фази се: 1.komedoni, 2.papuli, 3.pustuli, 4.indurata, 5.cystika
-локализација најчесто е во себороични делови на лице, торакс и надлактици
-форми се: 1.comedonica, 2.papulopustuloza,3.conglobata
-видови се: 1.hormonica, 2.ex coriee des juveniles, 3.neonatorum, 4.profesionales, 5.medikamentosa, 6.steroidica, 7.holinergica
3. Розацеа
-вазодилататорна ангиопатија
-провоцирачки фактори се: 1.demodex foliculorum, 2.helicobacter pylory, 3.гастро и нутритивни нарушувања, 4.хормонски нарушувања, 5. dystonio neurovegetativa
-еритем кој на почеток е реверзибилен, но продолжува во перзистентен, со папули, пустули и телеангиектазии
-најчесто е локализиран: 1.на врв на нос, 2.околу нос, 3.образи, 4.средина на чело, 5.брада
-rhynophyma е најтешка форма - зголемен нос, ливиден, со нодули и бразди, со проширени капилари.
Терапијата на сите 3 дијагнози е во зависност од клиничка слика и се состои од медикаментозна per os терапија и локална терапија. Битни се и психотерапија и совет за хигиено-диететски режим.
Автор: прим. д-р Виолета Кузмановска, спец.дерматовенеролог
Општа болница - Куманово