X
 19.10.2023 Живот

За хипервентилација, дијагноза и третман, објаснува д-р Генциана Стевчевска

Хипервентилацијата е брзо или длабоко дишење кое некогаш се нарекува прекумерно дишење. На пациентот му создава чувство дека е без здив или краток здив со осет на вртоглавица, слабост, дуење, сува уста, нарушен сон, мускулни спазми во дланките и стапалата, градна болка, палпитации, чувство на бодежи во рацете и околу устата и неможност за правилно размислување. Хипервентилацијата е ексцесивно дишење поради метаболно телесно побарување. Претставува чест проблем кај пациенти во ургентни центри и оддели за интензивна нега.

Инциденца
• преваленцата била 8% кај пациентите, презентирајќи се со диспнеа во амбулантите за фамилијарна медицина
• инциденцата е 0,9 случаи на 100 пациенти во 1 години

Причини за хипервентилација

• органски
1. Белодробни болести како астма, пневмонија, ХОББ, интерстициска белодробна болест и белодробна тромбоемболија.
2. Срцеви и гастроинтестинални болести, како срцева инсуфициенција, ПАХ, црнодробна инсуфициенција.
3. Болести на ЦНС како централна неврогена хипервентилација, тумори во среден мозок, понс и медула.
4. Метаболни како ацидемија, хипоксемија, треска/сепса.
5. Синдроми на акутна болка
• психијатриски: анксиозност, панични напади, вештачки креирана хипервентилација,
• физиолошки: бременост, продолжен говор,
• лекови: труење со салицилати, бета адренергични агонисти, стероиди, метилксантини.

Патофизиологија
• Зголемен респираторен драјв со посредство на метаболни, однесувачки и респираторно контролирани системи.
• Резултирачката хипоксемија ги стимулира периферните хеморецептори и аферентните вагални рецептори во белодробието, дишните патишта и ЦНС.
• Ова резултира со кашлица, бронхоконстрикција и хипервентилација.
• Магнитудата на одговорот е атенуиран со хипокапнијата и последователниот пораст на pH.
• Алкалемијата предизвикува невролошки симптоми вклучувајќи синкопа, вртоглавица и клонично тонични напади заради церебрална вазоконстрикција.
• Последично намалениот слободен калциум може да доведе до карпопедален спазам, неволни мускулни контракции и парестезии.

Скрининг и превенција
• Профилактична хипервентилација не се препорачува кај пациенти со трауматска мозочна повреда.
• Хипервентилацијата е препорачана како медицинска мерка за добивање во време во редукција на покачениот интракранијален притисок.

Дијагноза
• Суспектна хипервентилација кај пациенти, презентирајќи се со брзо дишење, диспнеа, болка во гради, парестезии и повторувачко долго, длабоко и чујно дишење, а пред сѐ издишување.
• Иницијални тестови, кои се препорачуваат за дијагноза се гасни анализи од артериска крв, РТГ на граден кош и гликемија.
• Да се спроведат дополнителни тестови со цел да се исклучат срцева болест, белодробна тромбоемболија и интринзична белодробна болест.



Употреба на медицинска историја
• Пациентите може да имаат диспнеа, градна болка, тахикардија, палпитации.
Иницијалната евалуација треба да вклучи скрининг за паничен напад и генерализирани анксиозни нарушувања
• Благо покачен крвен притисок е вообичаен
• Речиси 25% од пациентите пријавуваат невролошки симптоми вклучувајќи
вртоглавица, атаксија, тремор, халуцинации, главоболка, осет за можно губење
свест и нарушена меморија
• Може да имаат повторувачки пристап на бавно, длабоко и чујно дишење и да пријават парестезии
• Гастроинтестинални симптоми вклучуваат епигастрична болка, дување на стомак
и повраќање.

Селектирање на дијагностички тестови
• Иницијалното тестирање треба да вклучи гликемија ,гасни анализи со ацидо-базен статус и РТГ на граден кош
• Гасни анализи од артериска крв е најкорисниот иницијален дијагностички тест и при хипервентилација се карактеризира со пад на PaCO2. Зголемената pH укажува на некомпензирана респираторна алкалоза, а намалениот укажува на метаболна ацидоза.
Во примарна алвеоларна хипервентилација, pH не мора да биде задолжително зголемен, односно алкалемичен доколку е присутно мешано ацидо-базно нарушување.
• PaO2 е типично зголемен. Ако хипервентилацијата се должи на белодробна причина,
тогаш P(A-a)O2/алвеолоартерискиот градиент на парцијалниот притисок на кислород е проширен од нормалната вредност/5-25 mmHg/. Кај психогена хипервентилација абнормалностите во артериските гасни анализи ќе бидат отсутни за време на сон. Бикарбонатите се намалени при хронична хипервентилација.
• РТГ на граден кош се препорачува при необјаснива хипервентилација.
• Во зависност од резултатите на иницијалната евалуација. може да се земат предвид белодробните функционални тестови и /peak flow/ домашно пик проточното мерење.
• Ако белодробна тромбоемболија е можната причина, користи валидни клинички одлучувачки правила и размислувај за дополнителни тестирања/високорезолуциона КТ на бели дробови или вентилационо-перфузионен скен и Д-димери. Земи предвид ЕКГ или ехокардиограм за да исклучиш ПАХ или друга кардиогена етиологија.

Пристап кон пациентот
• Сомневај се на хипервентилација кај пациенти со диспнеа, градна болка, тахикардија,
палпитации, повторувачки пристап на чујно, бавно и длабоко дишење или парестезии.
• Со помош на валиден скрининг направи процена за панично нарушување или генерализирано анксиозно нарушување.
• Земи ги предвид наведените карактеристики за диференцијална дијагноза.
• Иницијалните тестови би требало да ги вклучат РТГ на граден кош и артериски гасни анализи.
• Во зависност од клиничката презентација, земи предвид дополнителни дијагностички тестирања за белодробна тромбоемболија, коронарна болест и хронична белодробна болест.



Дијагностички тестови
• Градна болка (кај сите) -> коронарен артериски спазам
Третман
• Бета-блокаторите ги смалуваат симптомите на хипервентилација од симпатичниот автономен нервен систем.
• Бензодијазепините и селективни серотонин рецептор инхибитори се избор за третман на панични напади и анксиозност.
• Земи предвид проследување на едукација за техника на дишење и тераписки третман на однесување кај генерализирано анксиозно нарушување.
Медикаментна терапија
• Медикаментна терапија во зависност од основното нарушување
• Бета-блокатори се применуваат за контрола на симптоми условени од симпатичниот автономен нервен систем како палпитации, тремор, потење и тахикардија. Внимателно
кај астматичари.
• Бензодиазепини како алпразолам од 0,25 до 5 мг или слични други лекови орално може да се применат за контрола на паничен напад и анксиозност, но внимателно заради можна зависност од истите. Веќе не се сметаат за медикаменти од прва линија за долготрајно менаџирање на паничен напад или генерализирано анксиозно нарушување.
• Селективни серотонин рецептор инхибитори, како пароксетин од 40 мг дневно или флуоксетин од 20 мг дневно се корисни во третман на хипервентилација асоцирана со
анксиозност.
• Трицикличните антидепресиви како кломипрамин и имипрамин е утврдено дека го нормализираат PaCO2 кај хипервентилациски синдром, но доказ за исходот кај амбулантски пациенти и подобрување на симптомите недостига.
Комплементарна/алтернативна терапија
• Употребата на акупунктура кај респираторни нарушувања како хипервентилацијата засега е со инсуфициентни докази за поддршка на истата.
Други видови третман
• Абдоминалното дишење, користејќи ја дијафрагмата често води до субјективно подобрување на диспнеата асоцирана со хипервентилација. Воедно ја намалува респираторната стапка и му дава на пациентот чувство дека ја контролира истата.
• Земи предвид проследување на психотерапија, вклучувајќи менаџирање на стрес,
едукативна терапија на однесување како контролирано дишење.
• Земи предвид упатување до психотерапевт за едукација на дишење.
• Утврдено е дека инхалација на ниска концентрација на CO2 дава олеснување кај пациенти, каде што алкалемијата предизвикала срцева аритмија, неволна мускулна контракција и акутна церебрална вазоконстрикција. Кај тешки панични напади со хипервентилација, долготрајна редукција е постигната со примена на end-tidal CO2/ниво на CO2 кое се ослободува на крајот на експириум/дишечка терапија.
• Дишење во хартиена кеса се препорачува кај некои пациенти, но може да е опасно кај
оние со белодробна тромбоемболија и миокардна исхемија заради хипоксија.
Кога да се препраќа или хоспитализира
• Кај амбулантски случај обично не е неопходно освен кога се работи за сериозен органски проблем.
• Многу пациенти се менаџираат во примарната здравствена заштита, каде што може да се јави потреба за консултација со психијатар, психолог и респираторен терапевт со искуство во менаџирање на хипервентилација,

Автор: примариус д-р супспец.пулмоалерголог Генциана Стевчевска 
Клиника за  пулмологија и алергологија - Скопје

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот