X
 05.07.2018 Наука

Античките Римјани ја прошириле оваа болест на неколку континенти

Околу едно од четири лица на планетава е носител на латентна туберкулозна инфекција (ЛТБИ), а болеста е една од топ-десетте причини за смрт во целиот свет.

Нова студија ја следеше генетиката на бактеријата што предизвикува туберкулоза - Mycobacterium tuberculosis - за да помогне во објаснувањето на проширувањето на болеста чии корени се во Африка, а се проширила со ширењето на бањите и бараките на Римската Империја.

Истражување предводено од Универзитетот од Мадисон, Висконсин, открива дека кога Римската Империја станала суперсила на Медитеранот, тоа го олеснило проширувањето на најмалку една верзија од патогенот на туберкулозата.

Од туберкулоза најчесто заболуваат белите дробови. За подобро да се разбере како болеста би можела да се шири во иднината, добро е да се научи како стасала дотука. Токму тоа и го направила генетичарката Кејтлин Пеперел со истражување на геномот на бактеријата.

Седум големи вида туберкулоза се идентификувани во целиот свет, а сите се поврзани со човечка болест која првпат се појавила пред десетици илјади години во Африка.

Геномските податоци на Пеперел доаѓаат од повеќе од 550 примероци на бактеријата што предизвикува туберкулоза, собрани од современа популација во Африка и во Евроазија. Споредбите меѓу резултатите биле искористени за да се покаже како различните видови се поврзани во филогенското дрво.

Истражувачите утврдиле дека последниот пат кога сите видови биле едно големо заразно семејство било пред четири до шест илјади години во Африка. Иако три од седумте лози не се прошириле многу далеку, другите експлодирале. Датумите на разгранетоста грубо се совпаѓаат со значајни настани во подеми и падови на цивилизациите.

- Тајмингот се совпаѓа со времето кога Римјаните предизвикале големо движење и истражување низ Медитеранот. Имало контакт меѓу луѓето кој претходно не постоел - вели Пеперел.

Не значи дека сите тие контакти биле со инфицирани Римјани, но не требало ни да бидат. Бараките за војниците што се бореле за или против римските војници може да имале удел, а да не ја споменуваме модата на групно капење.

Фактот дека болестите се шират по должината на патиштата користени за трговија и се совпаѓаат со миграција и движења на војски не е баш некое изненадување. Ваквите резултати само го детализираат она што го знаеме за културните настани и однесувања, помагајќи ни да ги разбереме границите на тоа како болестите можат да се шират. Да се надеваме дека нашето поголемо знаење за болеста ќе значи дека единствените студии што ги гледаме се оние за минатото на болестите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука