X
 05.07.2021 Образование

По реакцијата на Филозофски факултет: И Народен правобранител бара семејнолози и стручњаци по родова проблематика да може да работат во центрите за социјална за заштита

Дипломирани едукатори-семејнолози и дипломирани студенти по родова проблематика да можат да конкурираат и да се вработат во установите за социјална работа. Единствениот услов за решавање на оваа проблематика е да се измени и дополни членот 197 од Законот за социјална заштита, со што оваа професија ќе стане рамноправна со останатите вклучени во овој член од законот.
Ова барање на Филозофскиот факултет преку Народниот правобранител, во форма на Иницијатива за измени на Законот за социјална заштита била доставена до Владата, која ветила дека ќе ја земе во предвид истата и ќе се заложи за измени на посочениот закон.

Народниот правобранител постапил по претставката на Филозофскиот факултет во која бил изложен проблемот кој го имаат профилите семејнолог и стручњак по родова проблематика при вработување во социјалните служби и се обратил до Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму, како што посочуваат од Народниот правобраните бил доставен одговор во кој само биле констатирани наводите изнесени во барањето на Народниот правобранител, без да биде наведено дали ќе преземат дејствија во надминување на состојбата која е предмет на барањето на Филозофскиот факултет.

- Констатирајќи повреда на правата на категоријата лица опфатени во претставката, Народниот правобранител до Владата на Република Северна Македонија поднесе Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита, во која побара профилите семејнолог и стручњак по родова проблематика кои се ставени во нерамноправна положба во однос на останатите профили од членот 197 од Законот за социјална заштита да бидат дополнети, со што ќе се создадат нормативни претпоставки истите да може да се јават на конкурси за вршење на стручни работи во установите за социјална работа, како и останатите стручни работници предвидени во истиот член-пишува во известувањето од Народниот правобранител.

Владата одговорила дека ќе ја има во предвид оваа Иницијатива за измени на Законот за социјална заштита.

По позитивниот одговор од Владата, Народниот правобранител го известува Филозофскиот факултет дека ја запира постапката по поднесета претставка, зашто се исцрпени сите можности што му стојат на располагање согласно законските надлежности.

Подготвил: Р.З.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование