X
 22.06.2021 Образование

Одржана конференција „Високото образование и бизнисот-заеднички предизвици и приоритети“

На 22 јуни 2021 година во хотел Александар Палас во Скопје се одржа  Конференцијата со наслов „Високото образование и бизнисот-заеднички предизвици и приоритети“, во заедничка организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Стопанската комора на Северна Македонија.

Целта на конференцијата е да се приближат ставовите на бизнис заедницата како активен социјален партнер и високото образование. Бизнис заедницата со свои предлози, мислења и ставови да биде поинтензивно вклучена во креирањето на образовните политики во високото образование, како и во дизајнирањето на студиските програми и реализацијата на практичната обука на студентите, a високото образование да ја зголеми својата вклученост во подготовка на анализи и истражувања за предвидување нови иновативно-инвестициски потфати на бизнис заедницата.

4

Во официјалниот дел свои обраќањa имаа: заменик министерот за финансии д-р Димитар Ковачевски, заменик министерот за образовние и наука, д-р Арафат Шабани, подпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски.

2

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Сашо Коруновски во своето обраќање посочи дека Конференцијата ја потврдува силната врска меѓу академијата и стопанството, и дека таа корелација е силна и заради  перманентните предизвици и по однос на приоритетите, особено затоа што нема повисок приоритет од економски подем поддржан од науката. 
6

5

„Искажаната подготвеност на Универзитетот „Св. Климент Охридски„ - Битола за соработка со реалниот сектор, со бизнисот  воопшто, со оваа Конференција дополнително се унапредува. Верувам дека на овој начин, заедно, ги зголемуваме можностите за успешно придвижување на работите, за зголемување на квалитетот на знаењата и вештините на дипломираните, вработеноста и учеството во економскиот развој на земјата.

2

Очекувањата се дека со креативен и иновативен пристап се поттикнува поголемата вклученост на бизнис заедницата во креирањето на политиките во високото образование, особено оние  насочени кон практична применливост на студиските програми, квалитетна едукација на младите луѓе со фокус кон соодветни знаења, вештини и компетенции кои, на крајот на денот, ќе им го олеснат процесот на  вработување“.

4

Учество на Конференцијата зедоа претставници од бизнис заедницата, академски кадар и студенти од УКЛО чии  стручни согледувања и дискусии  беа опфатени во две панел дискусии:

-    Вклученоста на бизнис заедницата во креирање политики во високото образование;
-    Инвестиции на бизнисот во високото образование-пракса, вештини, знаења;

2

Од  УКЛО  се гордеат со фактот дека на Конференцијата свое учество имаа и студентите, кои се во центарот на вниманието, бидејќи и улогата на студентите е од клучно значење. Нивната вклученост овозможува да се слушне и нивниот глас, да бидат земени предвид и нивните размислувања, но и да ја зацврстат врската меѓу Универзитетот и бизнисот.

6

5

Конференцијата е заокружена со  заклучоци произлезени од плодните сискусии, како своевидни препораки за јакнење на  релацијата меѓу високото образование и бизнисот.

(Koмерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование