X
 06.03.2021 Живот

Овие целосно биоразградливи маски за лице се претвораат во цвеќиња откако ќе се закопаат

Ова е нова можност за да ги израдувате пчелите и да ѝ дадете нешто на природата: 100 отсто биоразградливи маски за лице со цветни семиња вградени во нив, подготвени за садење.

Маријана де Гро-Понс, графички дизајнер во „Понс Онтверп“ во Утрехт, Холандија, вели дошла до идеја за биоразградливи маски откако постојано наидувала на отпад направен од нив.

- Во текот на сите години што работев како графички дизјанер, ја извалкав земјата со дизајнирање, печатење и пакување, па затоа сакав да ѝ вратам нешто на природата - вели таа.

1

- Едно утро се разбудив со идејата за биоразградлива маска за лице со цветни семиња. Земјата е среќна, пчелите се среќни, природата е среќна, луѓето се среќни. Ја продавам маската под името „Мери би блум“. Помогнете му на светот да процвета! - вели таа.

Дали овие маски се навистина биоразградливи? Да, се. И Земјата и опрашувачите се задоволни од овие маски за лице затоа што се со семе од цвеќиња.

Кој е заштитниот фактор на оваа маска за лице? И дали е тестирана?

Како што вели Маријана, нејзината маска заштитува исто колку и домашните маски од ткаенина. Маските не се тестирани.

Маската е изработена од оризова хартија исполнета со семе од цвеќе и се произведува во холандска работилница. Ластичињата се изработени од чиста овча волна, па може да се случи да видите малку трева на ластичето. Ако сте алергични на волна, постои варијанта со конец од рафија. Ластичињата се прицврстени со лепило базирано на скроб од компир и вода, а печатеното мастило кое се користи за логото на маската е биоразградливо.

маска

Семињата во маската се од холандска мешавина од ливада.

Маријана вели дека за да добиете најдобри резултати, маските треба да бидат закопани во градина или во саксија. Секако, може да се фрлат и во ѓубре и тие ќе се разградат во некоја депонија, но за навистина да ги искористите придобивките и да го извлечете максимумот од овие уникатни маски за себе, за пчелите и другите опрашувачи и за природата, дефинитивно треба да ги засадите за семињата да се претворат во цвеќиња.

Извор: Bright Vibes
Фото: MarieBeeBloom.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот