Куба почна масовно да ги вакцинира своите жители со сопствена вакцина. Во речиси секоја населба има мали центри за вакцинација. Во Куба се произведени 5 кандидати за вакцини против ковид-19, од кои две се во последните фази на тестирање, покажува репортажа на Си-ен-ен.
Лидерите на Куба одлучиле да произведуваат сопствена вакцина наместо да увезуваат од странство уште на почетокот на пандемијата. Куба започнува со вакцинација подоцна од многу други држави, но властите проценуваат дека поголемиот дел од населението ќе биде вакцинирано до крајот на летото. Планот е да се вакцинираат околу 70% од жителите до септември.
Вакцината што се користи не е целосно тестирана, но властите изјавиле дека не може да си дозволат да чекаат повеќе за да го спречат ширењето на ковид-19. Ефикасноста на двете вакцини што се во последна фаза на тестирање ќе се знае во јуни.
Вакцинирањето е волонтерски, но жителите се известени за термин во кој може да ја примат вакцината. Целата репортажа пронајдете ја
овде.
Извор:
cnn.com
Фото: Pixabay