X
 06.05.2020 Култура

Новата серија на „Нетфликс“ за социјално дистанцирање ќе се снима на далечина

Иако поголемиот дел од светот е ставен во карантин поради пандемијата, креативиците и понатаму наоѓаат начини да ги искажат своите идеи и енергија. Многу музичари работат и творат во нивните домови. Истото е и со кинематографијата - новата серија на „Нетфликс“, која ќе биде во продукција на креаторите на „Портокаловата е нова црна“, ќе биде снимена на далечина.

Серијата, наречена „Социјално дистанцирање“ (Social Distance), ќе биде напишана, продуцирана и снимена на далечина. Фокусот на дејството ќе биде ставен на искуството од живеењето во ера на социјалната дистанца - секоја епизода ќе биде посебна приказна и ќе има различен сет на ликови.

Серијата ќе биде во режија на младиот американски режисер познат по инди-остварувањата, Ворен Мичел. Сценариото го работел заедно со Кортни Казес.

- Пред себе поставивме нов предизвик - виртуелно да креираме и да продуцираме едно дело, за цела екипа на серијата да остане здрава и безбедна (сите ќе работат од дома - актерите сами ќе се снимаат) - изјави Мичел.


- Искуството од социјалното дистанцирање моментално е универзално, но ниедна индивидуална приказна не е иста. Преку широк спектар на приказни и моменти сакаме да ги забележиме моментите во времето. На крајот на краиштата, се надеваме дека серијата ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат поповрзани - додаде тој.

Сè уште не се знае кои ќе бидат останатите членови на актерската екипа, ниту датумот на премиерата.

Извор: Noizz.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура