X
 06.08.2023 Живот

Зошто не треба да го одложувате алармот за будење?

Дали сте личност која поставува повеќе аларми и ги одложува наутро? Ако одговорот е да, прочитајте го овој текст. Одложувањето на утринскиот аларм е веројатно една од омилените активности на студентите. Оние што не го прават тоа се вистински херои, но сите ќе се согласиме дека ретко кој се буди со првиот аларм.

Треба да знаете дека постои научна причина зошто треба да се ослободите од оваа ужасна утринска навика која носи повеќе последици отколку придобивки. Ова го објаснува Мел Робинс, позната американска писателка, водителка на сопствен поткаст, адвокат и мотивациски говорник.

Робинс објаснува дека одложувањето на алармот не е добро за нашето тело. Со одложувањето на алармот и повторното заспивање влегуваме во инерцијата на спиењето. Тоа значи дека нашиот мозок повторно се навикнува на спиење и тој циклус на спиење трае приближно 75 до 90 минути.

Но, откако повторно ќе ни заѕвони алармот, доживуваме благ шок предизвикан од наглото будење на мозокот, имајќи предвид дека го прекинуваме тој циклус на спиење. Кога алармот постојано се одложува тоа утро, на нашиот мозок му требаат дури четири часа за да се „вразуми“ и да излезе од таа состојба на шок предизвикана од постојаното прекинување на инерцијата на спиењето, како што објаснува Робинс.

Според неа, сите треба да се будиме на првиот аларм за да не се соочиме со овој проблем.

@melrobbins Episode 40 | STOP hitting the snooze button! ⏰ You know that you should get up when your #alarm rings, BUT did you know that there are science-backed reasons why the #snoozebutton is RUINING your day?! Yup. That’s right. You might think you’re doing yourself a favor by getting a few extra minutes of #sleep but by hitting your snooze button, you put your body into a state of “sleep inertia.” That’s why you feel so groggy when you do finally get up! Wouldn’t you rather start your morning feeling like a million bucks?! On tonight’s episode of the #melrobbinspodcast, I’m sharing what I call my “Million Dollar Morning Routine.” It includes 5️⃣ simple but essential components to get your day started RIGHT. Not only does this #morningroutine make me feel like a #millionbucks for the rest of my day, but it also creates a level of discipline in my life that helps me make millions of dollars too. Listen now 👉 “A Toolkit for Creating the Perfect Morning Routine” Available everywhere you listen to podcasts 🔗 in bio. Drop a ⏰ if this has inspired you to commit to NOT hitting the snooze button tomorrow morning! #melrobbins #changeyourlife #mindset #createabetterlife #takecontrol #motivation #morning #success #money #morningperson #motivationmonday #melrobbinspodcast #podcastclips #podcastsforwomen #podcaster ♬ original sound - Mel Robbins


Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот