X
 06.10.2021 Живот

„Стаклено момче“ ќе го отвори 9. Филмски фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“

Со проекција на италијанскиот филм „Стаклено момче“, утре во 18 часот, ќе биде отворено деветтото издание на  Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“. Фестивалот ќе трае до 12 октомври и освен во Младинскиот културен центар, ќе се одржува и во Кинотеката на Македонија.

Темата на фестивалот годинава е „Подобрувајќи го светот“ (Improving the world). Сите групи ученици ќе бидат вклучени во работилници по нивен интерес – за филм, фотографија, анимиран филм, новинарство, дигитален дизајн и ликовна. Секое дете-учесник во својата категорија ќе гледа по четири филма, по што следува дискусија за нив. 

- На наша голема радост, за неколку дена беше пополнет бројот на учесници, кој годинава моравме да го намалиме, односно изнесува околу 180 ученици од основните и средните училишта од градот заедно ќе гледаат филмови и ќе учествуваат на креативни работилници, мастер-класови и други интересни содржини - рече Дарко Башески, директор на фестивалот, на денешната прес-конференција што се одржа во Кинотеката. 


На програмата годинава ќе има 17 проекции на играни филмови, 28 кратки во официјалната програма. Секој ден проекција, дискусија, а во вечерните часови во Кинотека ќе има програма „Џифони +“, која е фокусирана на односите меѓу децата и родителите, инспирирана од „Џифони Италија“ и нивната програма „Parental experience“. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот