X
 15.07.2015 Култура

Студентски филм од ФДУ во официјална конкуренција на Saraevo Film Festival

Филмот „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓоргиева, III година на катедрата за филмска и тв монтажа во класата на вон. проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски на Факултетот за драмски уметности во Скопје е селектиран во официјалната конкуренција на Филмскиот фестивал во Сараево, во категоријата - документарен филм.



Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, сценариото, режијата и монтажата се на Сандра Ѓоргиева, сниматели се Марко Димитриевски и Кристијан Караџовски, студенти на катедрата за филмско и тв снимање во класата на вон. проф. м-р Горан Трпчевски, извршен продуцент е Јована Мишковска, студент на катедрата за продукција во класата на вон. проф. м-р Игор Вецовски, а музиката е на Трајко Симоновски, студент на Факултетот за музичка уметност, чиј ментор е доц. м-р Дарија Андовска.



Филмот „Зелени ѕидови, црна храна“ го истражува животот и условите во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, пасивноста, отпорот на студентите, нивните стравови и права.

Својот фестивалски живот, филмот го започна на ДокуМа, филмски фестивал за документарен филм во Макарска, а неодамна беше прикажан и на Фестивалот за креативен документарен филм MakeDox.

    http://www.sff.ba/novost/10091/-takmicarski-program-dokumentarni-film-2015

    
ЗА УКИМ ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ - Скопје
Факултетот за драмски уметности во склоп на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", е уметнички факултет и научно-наставна институција од подрачјето на драмските уметности, во кој се изведуваат универзитетски студии од областа на театарот, филмот и телевизијата низ уметничко и научно творештво, продукција и јавно прикажување на уметничките остварувања, како и издавање на книги и публикации. Универзитетските студии по Драмско актерство, Драматургија, Театарска режија, Продукција, Филмска и ТВ режија, Филмско и ТВ снимање и Филмска и ТВ монтажа, траат осум семестри или четири години. На факултетот се изведуваат постдипломски студии по Актерска игра, Драматургија, Продукција, Театарска режија, Театрологија, Филмско и електронско снимање, Филмска и тв режија, Филмско и тв сценарио и Монтажата како аудиовизуелно естетско поимање и докторски уметнички студии по Сценскоизведувачки, Аудиовизуелни уметности и Продукција во сценскоизведувачки, аудиовизуелни уметности.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура