X
 06.10.2024 Живот

За првенецот на медицина при УГД, македонскиот Ајронмен, просветен работник и хуманист... Што пишувавме неделава?

Бојана Кацарова, првенец на Медицинскиот факултет при УГД: „Секој млад лекар ги става потребите на пациентите пред своите потреби“

„Јас сум дел од оној мал процент студенти што се први во семејството што успеале да завршат медицина“, вели гордо за себе Бојана Кацарова, дипломиран доктор по општа медицина и првенец на генерација на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Македонскиот Ајронмен - триатлонецот Вања Атанасов: „Наградите не ми се императив, туку надминувањето на сопствените граници“

Преку екстремните спортови се обидува да пренесе порака дека границите се само во нашата глава. Доказ за тоа, како што вели, се и лицата со телесен инвалидитет кои направиле и достигнале многу повеќе, дури нешто незамисливо за многу здрави лица кои ништо не постигнале во животот. „Таквите луѓе се моја инспирација и водилка во животот дека е возможно да ги надминеме ограничувањата што си ги поставуваме“, вели Вања Атанасов.

„Всадував љубов, а не страв кај децата“, вели Љупка Чагорска, истакнат просветен работник и хуманист - една година од свои пари купувала оброк за ученичка

- Забележав дека едно девојче од другиот клас не јаде на одморите. Прашав моја ученичка зошто е тоа така. Ми одговори дека нема пари за кифла. Оттогаш секој работен ден ѝ купував печиво и сокче. И не само за неа, туку понекогаш и за братчињата и сестричињата. Ѝ ги праќав преку друга ученичка за да не се навреди. И вработената во пекарницата кога дозна дека е за сиромашна ученичка, почна да става храна за семејството на девојчето. Тоа никогаш не дозна кој ѝ помагаше. Целта ми беше да биде сита и да не се чувствува отфрлена, додека другите деца јадат, таа гледа“.

Издвојуваме

Живот