Да се намалат квотите за запишување ученици во гимназиите и другите општествени струки, а една третина од вкупниот број слободни места да бидат за средните стручни училишта, предлага Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК). Само на компаниите на територијата на Гази Баба им се потребни повеќе од 650 квалификувани работници од машинската и енергетската област.
- Време е од промоции и кампањи да преминеме на преземање конкретни чекори како што е реформата во училиштата. Не знам точно колкави се платите за стручните кадри во индустријата, но сигурно се повисоки од оние на кадрите во општествените и ненасочените струки. Кај квалификуваниот средношколски кадар не постои невработеност - истакна Трајан Ангелоски од Индустриската комора во ССК на денешната прес-конференција.
Извор: МИА