X
 06.11.2021 Здравје

Зошто сега има повеќе случаи на грип и настинка?

Веројатно околу вас има повеќе настинати луѓе периодов од обично, а тоа не е случај само во земјава. Во Обединетото Кралство се забележува зголемен број на лица со грип и настинка кои тврдат дека никогаш немале толку тешки симптоми, пренесува Би-би-си.

Можеби не станува збор за ковид-19, но овој бран на зарази со грип е поврзан со пандемијата. Докторката Филипа Каји од Лондон открива за Би-би-си дека е забележан зголемен број на лица што се жалат на кашлица, настинка и вирусна зараза. Според неа, причината за овој пораст се намалените мерки за заштита од коронавирусот.

- Се мешаме на начин на кој не сме се мешале во последните 18 месеци - изјави докторката.


Фото: Pixabay

Порано во пандемијата се намалиле случаите на други зарази освен ковид-19, а тоа е веројатно поради мерките. Но сега луѓето се надвор, се гледаат со пријатели и обичниот грип повторно се шири.

Како да препознаете дали е ковид-19 или грип?

Трите главни симптоми на ковид-19 се постојана кашлица, температура и губење мирис или вкус. Доколку имате еден од овие симптоми, најдобро е да направите тест за ковид-19.

Меѓутоа, треба да знаете и дека многу симптоми на ковид-19 сега се слични на грипот, како болка во грлото, главоболка и кивање.

Извор: BBC
Фото: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје