Дојави за поставени бомби попладнево се пристигнати на електронските адреси на 12 средни училишта, неколку трговски центри, МРТВ и Транспортниот центар.
- Денеска околу 13:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт, ТЦ Сити мол е упатена закана за поставена експлозивна направа - информира Министерството за внатрешни работи.
Веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.
Извор: МИА