X
 07.02.2023 Живот

„Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“ продолжува и во второто полугодие од учебната 2022/2023 година

A1 Македонија шеста година по ред со едукација на децата за безбедно користење интернет

Со предавање во ООУ. „Димитар Миладинов“ во Скопје за учениците од 4. одделение, во рамките на едукативната програма за деца – „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!”, А1 Македонија го започнува шестиот циклус работилници и го одбележува Светскиот ден за безбеден интернет.

- Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, шеста година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, продолжуваме со предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од интернетот. Интересот од страна на учениците, наставниот кадар, но и на родителите не стивнува, а тоа е дополнителна потврда за потребата од едукација од ваков вид - изјави Елена Димовска, раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.



- Градењето партнерства помеѓу корпоративниот сектор и образованието е од особена важност за јакнење на капацитетите на образовниот процес и придонес кон креирање квалитетни образовни содржини, чии придобивки ги ползуваат младите генерации. Соработката со А1 Македонија продолжува и оваа, шеста година по ред, и навистина ни е драго дека овој проект од година на година наидува на голем интерес кај децата и наставниците, а секако и кај родителите како водечки воспитен фактор - изјавија од Министерството за образование на Северна Република Македонија.

До крајот на учебната година се предвидени уште најмалку 5 работилници во Скопје и во неколку града во Македонија. Предавањата ги реализираат волонтери - вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања приспособени на возраста и на образовната програма го прошируваат знаењето на учениците за интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.



За „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!“


Проектот „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!” е дел од иницијативата „Интернет за сите” на Телеком Австрија групацијата, која во Македонија започна во 2018 година. Во рамките на проектот предавањата досега ги проследиле повеќе од 3.500 четвртоодделенци, од 13 града во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Повеќе информации за едукативната програма „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно” се достапни на веб-стрaницата на А1 Македонија на Дигитална писменост - A1.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот