20.04.2020
Здравје
21 излекуван и 18 новозаразени со коронавирус во земјава
Регистриран е 21 излекуван пациент - 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови, соопшти Министерството за здравство. Со ова бројката на излекувани пациенти во Македонија изнесува 200.
Во меѓувреме, во текот на изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус и тоа во:
-Скопје - 2
-Куманово - 9
-Штип - 2
-Тетово - 2
-Велес - 1
-Гостивар - 1
-Пехчево - 1
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 1.225.
-Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46-годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски период била на механичка вентилација, и еден 71-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Куманово на 63-годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш ставена на респираторна машина - додаваат од Министерството.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје примени се тројца пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за Ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.
Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.