Многу луѓе патат од депресија, а не се свесни за тоа. Постојат скриени знаци кои покажуваат дека е потребно да побарате помош.
Лош имунитет
Очигледен знак за депресија е лошиот имунитет. Лошото расположение доведува до намалување на фиизчката активност, што го намалува имунитетот. Доколку сте често болни, не го игнорирајте тоа.
Замор и поспаност
Ако сте често уморни, и не можете да се одморите од работата и постојано ви се спие, можно е да станува збор за знаци за депресија. Побарајте совет од лекар, бидејќи доколку станува збор за здравствен проблем, ситуацијата може да стане само полоша.
Недостаток на мотивација
Ова е еден од најочигледните знаци на депресија. Ако немате волја за работа, за дружење со луѓе и секогаш се чувствувате лошо, најдобро би било да се обратите кај некое стручно лице за помош.
Неправилна исхрана
Ако во текот на денот не јадете, а во текот на ноќта внесувате огромно количество на храна, тоа мое да доведе до различни пореметувања и проблеми со телесната тежина, а тоа на крајот резултира со лошо расположение. Ова исто така е знак на депресија.