X
 07.08.2024 Здравје

Можат да бидат многу сериозни: Три знаци на топлотен удар на кои треба да внимавате

Кога температурите се високи, важно е да ги слушате советите на лекарите за да го зачувате вашето здравје. Лекарите обично советуваат да избегнуваме излегувања во текот на денот, да носиме заштитен фактор кога сме на отворено и да пиеме повеќе вода. Меѓутоа, ако случајно сте на отворено, обрнете внимание на овие знаци.

Докторот Каран Раџ ги споделил главните симптоми на кои луѓето треба да внимаваат кога станува збор за топлотните удари, бидејќи тие можат да бидат посериозни отколку што мислиме. Националната здравствена служба советува дека топлотната исцрпеност обично не бара медицинска интервенција ако лицето може да се олади во рок од половина час, но ако тоа не се случи, може да биде опасно по живот.

Клучни индикатори за топлотен удар вклучуваат замор, вртоглавица, главоболка, гадење, висока телесна температура, брзо дишење и грчеви во мускулите. Доколку почувствувате такви симптоми, се препорачува да ја намалите телесната температура и да останете хидрирани.

Без потење

Иако се чувствувате како да се „топите“, всушност еден од знаците за топлотен удар може да биде целосно отсуство на пот. Доктор Раџ објаснува дека за време на топлотен удар вашето тело е толку дехидрирано што природниот процес на ладење престанува. Ако не се оладите брзо, температурата продолжува да расте.

Конфузија

Еден од знаците може да биде конфузија. Чувството на збунетост не е невообичаено кога имате топлотен удар, бидејќи дехидрацијата може да го оштети вашиот мозок. Имено, со дехидрација се намалува протокот на крв.

Мускулни грчеви

Дехидрацијата може да доведе до сериозни промени во електролитите, при што главни фактори се натриумот и калиумот. Ова може да има големо влијание врз вашите мускули, што резултира со слабост и грчеви.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје