Иако не се согласуваат со тоа како настанала оваа необична традиција, Швеѓаните и понатаму со задоволство му се препуштаат на ритуалот, особено по возбудливата среда, односно „малата сабота“...
Шведските деца растат во семејства кои држат до традицијата, па така во четврток не ги прашуваат мама и тато што има за ручек бидејќи однапред знаат што ќе ги чека на масата.
Така, Швеѓаните во четврток прават палачинки и специјалитет што всушност е свинско месо во чорба од жолт грашок. Палачинките често доаѓаат со џем од брусница, а некои готвачи ги служат месото и сенфот како додаток на јадењето.
Ако ги прашате Швеѓаните како во четврток однапред знаат што ќе има за ручек, лесно ќе поттикнете расправија бидејќи ни тие сами не се договориле која историска вистина е вистинска. Една теорија вели дека грашокот се правел уште во текот на Втората светска војна, кога готвачите имале слободно попладне и помалку време за приготвување оброк. Друга теорија вели дека католиците во Шведска во четврток сакале да се најадат месо за во текот на „вегетаријанскиот“ петок полесно да поминат.
Во секој случај, по „малата сабота“, супата од
грашок со месо и палачинките се чинат како логичен избор.