X
 07.10.2023 Култура

Ќе се снима филм базиран на книгата „Алхемичарот“ од Пауло Коелјо

Најпопуларната книга на Пауло Коелјо - „Алхемичарот“ наскоро ќе добие филмска верзија.

Компанијата „Леџендери интертејнмент“ ги откупи правата за снимање на филмот, кој ќе се реализира под капата на „Тристар пикчрс“ на „Сони“, а сценариото му е доверено на Џек Торн, познат по филмот „Енола Холмс“ и претставата „Хари Потер и проколнатото дете“.

„Алхемичарот“ е приказна за Сантијаго, млад овчар кој тргнува во потрага по митско богатство, најголемото што некој некогаш го пронашол. На своето патување тој ја открива клучната мудрост за тоа како треба да ги следиме нашите соништа.

Книгата е објавена во 1988 година. Преведена е на 80 јазици, што ја прави најпреведуваната книга од жив автор, и е продадена во повеќе од 150 милиони примероци низ светот.

Ова не е првпат некој да се обиде да сними филм за „Алхемичарот“. Вил Смит и Џејда Пинкет Смит со студиото „Вестбрук“ требаше да работат на филмот, но се откажаа од проектот.

Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура