X
 08.02.2020 Забава

Може ли „нокиа 3310“ да издржи експлозија?

Постојат легенди што и денес се раскажуваат во чест на неуништливата „нокиа 3310“, а еден јутјубер решил да ја тестира силата на овој телефон.

Во времето на смартфоните многумина сè уште жалат по легендарната „нокиа“, која важи за еден од најиздржливите телефони на сите времиња.

Еден јутјубер решил да провери дали може оваа жива легенда да преживее експлозија или тоа ќе биде премногу. На јутјуб-каналот „OddlyTube“ осамна видео во кое сопственик на „нокиа 3310“ со селотејп залепил многу силна петарда и ја активирал.

Како што и се очекува, експлозијата го разнела телефонот на парчиња, но откако ги составил, јутјуберот успеал да го вклучи телефонот и докажал дека работи.

Погледнете го видеото.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава