X
 08.03.2022 Живот

Град од Јужна Америка е прогласен за најдобар во развојот на одржливиот превоз

Главниот град на Колумбија, Богота, оваа година ја освои светската награда за развој на одржлива мобилност како признание за постигнувањата на активниот превоз во градот. За време на пандемијата, во Богота биле поставени велосипедски патеки долги вкупно 84 километри.

- Вложивме напори за да ја постигнеме целта за зголемување на квалитетот на услугите и подобрување на квалитетот на воздухот во градот. Визијата за одржлива мобилност ќе продолжиме да ја негуваме во годините што доаѓаат - изјавил секретарот за мобилност на Богота, Фелипе Рамирес Буитраго.


Фото: Pixabay

Благодарение на овие мерки преземени од страна на градот, велосипедот станал приоритетно превозно средство во Богота. Градот истовремено пренаменил уличен простор и ја зголемил површината за пешачки зони за полесно да се спроведува физичкото дистанцирање.

Започнат бил и проект за користење електрични велосипеди и трицикли кои користат соларни панели како извор на енергија. Се планира и користење на 1.485 градски автобуси кои би работеле на сончева енергија, а во автомобилите не смеат да се возат помалку од 2 патника.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот