Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1, Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.
Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба си заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.
На оваа Клиника почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Министерството за здравство информира дека во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого посмртно е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 261
Куманово - 130
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп – 38
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци - 3
Гостивар – 4
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш - 4
Крушево – 3
Кочани – 18
Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.