Ентони Бордејн беше готвач, но најверојатно беше попознат како автор и телевизиска ѕвезда.
Во 2000 година тој ја објави неговата книга „Доверливо од кујната“, со која се прослави. Таа книга стана бестселер на „Нујорк Тајмс“. Оттогаш тој напиша уште многу книги поврзани со кулинарството, но се фокусираше и на телевизиските емисии како „Турнејата на готвачот“, која настана според негова истоимена книга и „Без резервации“, која се засноваше на патувања и прикажувања на културата на другите народи преку нивната култура. Неговата последна серија беше „Непознати предели“ и истата се фокусираше само на кулинарските култури.
Во една прилика овој познат готвач говореше за тоа кој би бил неговиот последен оброк. Еве го краткото интервју.
Фото: Wikipedia
Кое би било Вашето последно јадење на Земјава?
-Печена коскена срцевина, со салата од магдонос и капри, неколку тостирани парчиња багет и добра морска сол.
Каде би се случувало тоа?
-Во ресторанот на хотелот „Свети Јован“ во Лондон, после фајронт.
Што би пиеле?
-Во Сент Џон точат перфектен „Гинис“.
Би имало ли музика?
-The Brian Jonestown Massacre и Curtis Mayfield би свиреле во живо, на пристојна оддалеченост.
Кој друг би бил присутен на вечерата?
-Со оглед на тоа што би бил соочен со блиска смрт, би одбрал да јадам сам. Ако смеам да се занесувам, тогаш би собрал збирштина луѓе и живи и мртви кои би го направиле муабетот интересен: Греам Грин, Ким Филби, Ава Гарднер, Луис Брукс, Орсон Велс, Мартин Скорсезе, Иги Поп, Габриеле Хамилтон, Мохамед Али и Керол Ломбард.
Кој би ја спремал храната?
-Би сакал тоа да е креаторот на моите омилени верзии на рецепти, Фергус Хендерсон, шеф и партнер во „Свети Јован“. Во еден идеален свет, би му асистирале моите пријатели Ерик Риперт, Марио Батали и Ремзи
Гордон.