Ентони Бордејн имаше сѐ - богатство, светска слава и голем углед. Но, најпознатиот гастро-патеписец се обеси во хотелска соба.
Имено, самоубиството не е резервирано за оние кои немаат ништо. И покрај вкоренетата перцепција, животот си го одземаат и оние на кои многумина им се љубоморни, без разлика дали тоа е поради успех или поради животен стил.
Животот си го одзеде и модната дизајнерка Кејт Спејд. Во 2014 година се самоуби комичарот и актерска легенда, Робин Вилијамс. Ги паметиме и неодамнешните самоубиства на фронтменот на „Линкин Парк“, Честер Бенингтон, како и на пејачот на „Саундгарден“, легендарниот Крис Корнел.
На луѓето со суицидални склоности може да им се помогне
Малку повозрасните се сеќаваат на самоубиството на фронтменот на „Нирвана“, Курт Кобејн. Тоа е само мал дел од оние кои и покрај сѐ што постигнале, сами си го одзеле животот.
Според проценките на Светската здравствена организација, на секои 40 секунди во светот се убива едно лице. Секоја година се убиваат огромен број на луѓе, а болката која ја трпат фамилиите не може да се опише со зборови. Но, на луѓето со суицидни мисли може да им се помогне.
Треба отворено да се разговара
-Самоубиства има насекаде, на сите меридијани и напоредници. Никој не е исклучен. Самоубиството е табу бидејќи секој од нас во себе носи самоубиствен порив. Бегаме од тие мисли, од сопственото исчезнување, тоа нѐ плаши. И затоа избегнуваме да зборуваме за тоа. Го туркаме од себе - вели Владо Јукиќ, директор на Психијатриската болница Врапче во Загреб.
Тој смета дека за самоубиствата треба отворено да се разговара.
-Најважно е кога од разговор со некое лице ќе заклучиме дека таа личност навистина има намера да изврши самоубиство, треба да ја повикаме полицијата, која потоа ќе ја алармира итната помош. Имено, 95 отсто од луѓето не знаат дека итната помош не може никого присилно да одведе некаде, ако нема одобрение од тоа лице - истакнува психотерапевтката Марија Берзати.
Колку повеќе антидепресиви, толку помалку самоубиства
Некои од упатствата за директна превенција на самоубиство пепорачуваат отворен разговор за самоубиството со лицата за кои ќе се јави сомнеж дека би можеле да си го одземат животот. Тие не мораат да кажат дека ќе се убијат. Некои од знаците се безнадежност, опседнатост со смртта, збогувањње со пријателите, претерано консумирање алкохол или дрога.
-Има многу обиди за превенција на самоубиствата. Скандинавсите измериле дека зголемената потрошувачка на антидепресивите ја намалува стапката на самоубиства. Холанѓаните ја разгледуваа и можноста за додавање на литиум во храната или водата. Литиумот, како и јодот во солта, го урамнотежува расположението и ја намалува можноста за самоубиство - вели Јукиќ.
Берзати, пак, истакнува дека сите закани со самоубиство треба да се сфатат сериозно.
-Има многу случаи кога луѓето велат „ќе се убијам ако ме оставиш“, тоа е многу честа реченица. Во тој случај треба да се јавите на еден од телефонските броеви за превенција на самоубиства и да побарате совет. Треба да поразговарате со експерти и никако да не одмавнувате со раката мислејќи дека ќе помине само од себе - вели Берзати.
Алкохолизмот и самоубиството во директен контакт
-Алкохолизмот е поврзан со депресијата. Дел од алкохоличарите се обидуваат симптомите на депресија да ги лечат со алкохол, но уште поголем е процентот на оние кои поради алкохол развие депресија. Депресијата е прва причина за самоубиство. Помеѓу 80 и 90 проценти од оние што извршиле самоубиство страдале од депресија - рече Јукиќ.
Депресијата може да се излечи или барем да се држи под контрола. Развиени се многу леекови за борба против депресијата, а психијатарите веќе долго време успешно ги користат. Но, депресивно лице треба само да побара помош или блиските роднини да го наговорат да го стори тоа. Постои и можност за присилна хоспитализација ако лекарите проценат дека некој е опасен за себе.
Фото: Freepik
Никогаш не ветувај дека ќе чуваш тајна
Затоа е неопходно да се разговара со луѓето за кои се сомневаме дека би можеле да се убијат. Не треба да ги обвинувате или да се обидете да ги убедите дека имаат многу причини за животот. Никогаш, во секој случај, лицето кое ви кажува дека има намера да се убие, не ветувајте да ја задржите оваа тајна. Ова е најлошото што можете да направите.
Наместо тоа, прашајте го лицето од кога размислува за самоубиство, како и кога планира да го изврши тоа. И запрашајте дали навистина ќе се убие. Колку е подетален одговорот, толку е поголема можноста лицето да се самоубие. За тоа веднаш консултирајте се со неговиот лекар, а на лицето понудете му помош, советувајте го што побрзо да побара стручна психијатриска помош.
Агресијата секогаш ќе се појави. Или за себе, или за другите
- Агресијата во општеството постои и секогаш се манифестира, но научните податоци покажуваат дека кога луѓето се повеќе агресивни кон другите, помалку агресија насочуваат кон себе - вели Јукиќ.
Како да се процени опасноста од самоубиство?
Сериозноста на нечија одлука за самоубиство може да се мери според следниве критериуми:
Ниска - Постојат самоубиствени мисли, но нема план и лицето тврди дека нема да изврши самоубиство.
Умерена - Суицидни мисли, нејасен план и лицето тврди дека нема да се обиде да се самоубие.
Висока - Суицидни мисли, планот е разработен и опасен. Сепак, лицето тврди дека нема да се обиде да се самоубие.
Највисока - Суицидни мисли. Разработен и опасен план. Лицето тврди дека ќе изврши
самоубиство.
Фото: Freepik