X
 24.02.2020 Здравје

Се подигнува степенот на подготвеност за заштита од коронавирусот. Граѓаните треба да почитуваат низа мерки, апелираат од МЗ

Поради новонастанатата состојба со коронавирусот и негово проширување во областите Лобардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за здравство Венко Филипче одржа состанок со Комисијата за заразни болести на кој се констатира дека степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво. Комисијата донесе нови, зајакнати мерки за превенција и справување со евентуални заболени, кои дополнително ќе бидат координирани на денешниот состанок со Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Министерството за внатрешни работи.

Првичните заклучоци од состанокот на Комисијата за заразни болести се дека се засилува контролата на сите гранични премини и на двата аеродрома во земјата.
На граничните премини се отстапуваат посебни простории каде што ќе бидат интервјуирани сите патници што доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба.
На скопскиот аеродром термалната камера се поставува на локација од која ќе се следат сите патници што пристигнуваат, а не како досега само патниците од Дубаи и од Истанбул. Со бесконтактен пиштол за мерење на телесната температура ќе се прави скрининг на патниците што ќе пристигнат од ризични дестинации и на аеродромот во Охрид.
Доколку се јави потреба, Инфективната клиника во Штип ќе функционира како објект за изолација. Тестирањата на сомнителни случаи ќе се вршат на инфективните клиники во Скопје и во Куманово, а Министерството за здравство информира дека во земјава има доволно реагенси за тестирање на коронавирусот.



Министерството за здравство апелира до граѓаните целосно да ги почитуваат превентивните мерки за заштита:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;

• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање и задолжително да се мијат рацете по секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца тие убаво термички да се обработат;

• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитна опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;

• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

• Задолжително и често миење на рацете – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;

• Заштита на другите од заболување – при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје