X
 08.07.2021 Култура

ДНК-анализа откри живи потомци на Леонардо да Винчи

ДНК-истражување на семејството на Леонардо да Винчи и сите негови членови што живееле во последните речиси седум века покажало интересни податоци. Според анализата, уметникот и иноватор има 14 потомци кои се живи денес, и покрај тоа што не е познато дали имал деца.

Истражувањето било водено од историчарите на уметност Алесандро Везоси и Агнес Сабато, а било објавено во списанието „Хјуман еволушн“. Во него биле анализирани 21 генерација и 5 семејни гранки. Вклучени биле и предци на Леонардо да Винчи, почнувајќи од негов прапрапрапрадедо кој бил роден во 1331 и прв го носел семејното име.

Целта на анализата е подобро разбирање на Леонардо да Винчи и неговото здравје.


Фото: Леонардо да Винчи/Wikipedia

Откритието е фасцинантно бидејќи не се знае каде се неговите остатоци и не е познато дали имал деца. Анализата покажала дека во моментов се живи 14 потомци на Да Винчи, кои живеат во Тоскана. Меѓу нив има земјоделци, канцелариски работници и еден уметник.

Да Винчи бил роден во 1452 во близина на градот Винчи во Тоскана. Тој имал барем 22 полубраќа. Да Винчи починал во 1519 година и бил закопан во капела која била уништена за време на Француската револуција.

Се претпоставува дека коските на уметникот биле зачувани и пренесени во помалата капела на истата локација, а истражувачите работат на анализа која треба да покаже дали тие остатоци навистина се неговите.

Извор: CNet
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура