Анксиозноста е чувство на постојана грижа, непријатност и тензија и таа сериозно влијае врз физичкото здравје на начини на кои не можете ни да замислите.
1. Предизвикува болка во мускулите
Болката може да биде вообичаена појава на анксиозното растројство и вклучува тензија на мускулите, болки во телото и главоболки.
2. Главоболки
Главоболките поради тензија се честа појава на анксиозноста и може да се случи на различни места вклучувајќи ја предната страна и задната страна на главата, задниот дел од вратот и мускулите на рамената. Вишокот на кофеин би можел да ги влоши главоболките.
3. Замор
Менталните здравствени проблеми како што е анксиозноста или депресијата може да го спречат спиењето и да ве натераат да се чувствувате уморно.
4. Дигестивни проблеми
Оние со хронична анксиозност имаат проблеми со варењето на храната - синдром на раздразнето дебело црево. Луѓето со овој синдром имаат болки во стомакот, грчеви, надуеност, запек и дијареја имаат црева кои се повеќе чувствителни на одредени видови на храна и на стрес.
5. Потреба за внесување шеќери
Кога некој е под стрес, неговото тело користи многу повеќе енергија од нормално. Ова значи дека нив им е потребно за брзо време да внесат енергија, па затоа имаат потреба да јадат храна која за брзо време се претвора во енергија. Оттука доаѓа и потребата за внесување на шеќер.
6. Проблеми со спиењето
Несоницата и будењето во текот на ноќта се вообичаени проблеми за лицата со
анксиозност. Грижата и постојаните мисли можат да ве спречат да се одморите. Затоа, собата во која спиете треба да биде мирен простор. Исто така потребно е да обрнете внимание што јадете и што пиете и да се обидете со техника за дишење.
7. Промени во расположението
Неочекуваните промени во расположението се предизвикани од голем број работи поврзани со анксиозноста како што е дисбалансот на хормоните, менталниот замор и стравот.
8. Неможност за концентрирање
Неможноста за концентрирање е чест симптом на анксиозност. Фокусирањето и концентрирањето зема голем дел од енергијата, а анксиозноста често прави луѓето да се чувствуваат победено.