X
 25.09.2021 Наука

Коронавирусот можеби се пренел од животни на луѓе повеќе пати

Прелиминарна анализа на геноми на вируси посочува дека пандемијата на ковид-19 можеби има почетоци во повеќе животни. Сепак, откритијата треба да се проверат од независни експерти.

Анализата била направена на примероци од луѓе заразени со вируси во Кина и на други места во светот на почетокот од пандемијата. Според неа, коронавирусот САРС-КоВ-2, кој ја предизвикува болеста ковид-19, можеби бил пренесен од животни на луѓе повеќепати. Доколку биде потврдено, тоа може да значи дека коронавирусот сепак не бил произведен во лабораторија, според една хипотеза.


Фото: Pixabay

Од примероците било откриено дека две лози од коронавирусот се ширеле од крајот на 2019 и почетокот на 2020 г., а една од нив станала доминантна. Примероци од лица што го посетиле пазарот за морска храна во Вухан, на кој се продаваат и диви животни, ја имале доминантната лоза. Но другата лоза се ширела низ Кина и вклучува примероци од лица што биле на други пазари во Вухан.

Важно прашање е како се поврзани двете лози и дали едната е сој на другата или имаат посебни зачетоци. Според анализата, поверојатно е тие да имаат посебни зачетоци. Научниците анализирале примероци од 1.716 лица заболени од коронавирусот.


Фото: Pixabay

Доколку вирусот навистина се пренел од животни на луѓе во повеќе случаи, фактот дека двете лози се поврзани со луѓе кои посетиле различни пазари во Вухан покажува дека повеќе животни од еден или друг вид го носеле вирусот во себе и затоа успеале да го пренесат на барем две различни локации.

Според истражување во јуни, живи животни кои може да го носат коронавирусот, како ракуни и ласици, се продаваат на повеќе пазари во Вухан. Претходни истражувања покажале дека САРС веројатно бил пренесен од животни на луѓе во повеќе случаи.

Извор: Nature
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука