Среде вревата околу експериментот во
Кина која се создаде по вестите за двете девојчиња чии гени биле модифицирани за да бидат заштитени од ХИВ, треба да се знае уште еден факт - истражувања за подобрување на следната генерација на луѓе се прават и во САД.
Всушност, тоа ќе се случи на универзитетот „Харвард“.
Научникот и лекар за ин-витро фертилизација (ИВФ), Вернер Нојхаусер, истакна дека тој планира да почне да користи технологија позната како „Crispr“ за да го промени ДНК кодот во клетките од спермата. Целта е да се покаже дали е можно да се создадат бебиња со помош на ИВФ, а со значително намален ризик од Алцхајмерова болест подоцна во животот.
Вернер Нојхаусер
Фото: Technology Review
Да разјасниме, не се вмешани ембриони - нема обиди за создавање бебе. Засега. Наместо тоа, истражувачите работат на изнаоѓање на начин на кој би можеле да ја променат ДНК-та во спермата собрана од страна на една клиника. Ова сѐ уште е многу основно и необјавено истражување.
Сепак, во својата цел, проектот е сличен на она што беше направено во Кина и го покрева истото фундиментално прашање: Дали
општеството сака деца со гени кои би биле адаптирани да спречуваат болести?