X
 08.10.2023 Живот

Реченици што ќе ве потсетат дека треба да бидете благодарни во животот

Денеска се жалев за нешто многу тривијално кога мојата партнерка се сврти кон мене и ме потсети дека во моментов постојат малку работи за кои треба да се жалам, а многу повеќе на кои треба да сум благодарен и треба да ги ценам.

- Зарем тоа не е она на што ги учите другите луѓе во вашите книги за позитивна психологија? - ме прекори таа на начин што ме потсети да го применувам она што го „проповедам“.

Се разбира дека беше во право. Во маката и стресот од секојдневниот живот многу лесно можеме да паднеме во замката да се фокусираме премногу на она што нѐ иритира и на тривијалните работи во животот. Она што навистина ни треба е да останеме свесни за добрите и важните работи во нашите животи.

Повеќе од две децении истражувања ни ја покажаа моќта на благодарноста кога станува збор за благосостојбата, здравјето и позитивноста во нашите односи. Јас бев вклучен во некои од истражувањата, како она во кое дознавме дека луѓето што се поблагодарни спијат подобро.

Редовното преиспитување на себеси за тоа колку сме благодарни изгледа како добра идеја. Во продолжение е листа за проверка со седум изјави кои ќе ви помогнат:

- Јас сум тип на личност што често размислува за тоа колку е среќна.
- Јас сум тип на личност што чувствува воодушевување кога гледа природна убавина.
- Јас сум тип на личност што користи лични ритуали за да се потсети дека треба да биде благодарна.
- Јас сум тип на личност што може да застане за момент и да ужива во животот таков каков што е.
- Јас сум тип на личност што често размислува за тоа колку ѝ се важни пријателите и семејството.

Дали мислите дека припаѓате на некој вид личност во погорните изјави? Ако мислите дека сите седум изјави звучат како вас, тогаш вие сте благодарна личност. Но, повеќето од нас имаат простор да ја развијат сопствената способност да водат благодарен живот.

Најдете начин за да се поттикнете секој ден да бидете благодарни. Најдете начин што ќе ви помогне редовно да се потсетувате дека не треба постојано да се жалите за тривијални работи. Останете благодарни за добрите и важните работи во вашиот живот. Тоа ќе ви помогне да спиете подобро.

Автор: Стивен Џозеф
Извор: Psychologytoday.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот