X
 08.10.2024 Живот

Една година Magenta Moments: најдобрата дигитална програма за подароци, поволности и попусти за корисниците

Првата дигитална програма за подароци и поволности за корисниците на Македонски телеком, Magenta Moments, слави една година од своето постоење. Креирана да понуди вистинска вредност со атрактивни понуди и попусти поврзани со животниот стил, Magenta Moments прерасна во омилена програма на повеќе од 222.000 корисници.

По тој повод, во текот на октомври, корисниците ќе имаат можност да добијат многу подароци, како и специјални понуди: патувања, викенди, вредни ваучери, многу магента срца и други изненадувања.

- Се ангажираме да понудиме многу повеќе од телекомуникациски услуги, да понудиме вистинска вредност, едно сосема ново ниво на искуства. Токму тоа е нашата Magenta Moments, програма со која отворивме ново поглавје во кое животните искуства и задоволството на нашите корисници се во центарот на нашето дејствување. Среќни сме што само за една година значително го зголемивме бројот на партнери, што доведе до значителен раст на поволностите и понудите, а со тоа и на бројот на корисници – изјави Емилија Андоновска, главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски телеком.

За една година, со специјалните понуди од Magenta Moments направени се: повеќе од 100 милиони импресии, отклучени се 560 илјади понуди, доделени се 900 милиони Magenta Moments срца, изгледани се над 30 илјади филма, организирани се повеќе од 200 забавни игри, доделени се над 15 илјади подароци за корисници, а над 500 партнери ја препознаа Magenta Moments како платформа преку која можат да допрат до своите корисници.

Magenta Moments е дел од меѓународната стратешка иницијатива на Дојче телеком за наградување и поволности за корисниците. Во суштината на оваа стратегија е амбицијата на Дојче телеком постепено да ја проширува својата сфера на дејствување и надвор од телекомуникацискиот бизнис – надградувајќи ја својата вредна база на корисници, брендот и партнерствата.

Со Magenta Moments, Дојче телеком оди чекор понатаму и ја проширува улогата од давател на телекомуникациски услуги во секојдневен придружник кој им нуди вистинска вредност на своите корисници. Magenta Moments ќе продолжи да се развива и збогатува, а од наредната година програмата ќе има и меѓународен карактер, што значи дека кога корисниците ќе патуваат во земјите-учеснички, ќе можат да уживаат во придобивките што се достапни во соодветната земја.
Дојче телеком е првата телекомуникациска компанија која, преку Magenta Moments, го применува своето меѓународно присуство за директна придобивка на корисниците низ Европа.

Повеќе информации на: https://www.telekom.mk/magenta-moments.nspx

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Живот