08.11.2018
Здравје
Седењето поштетно од цигарите
Истражување спроведено на 122.000 лица што трчале на подвижна лента посочува дека речиси постојаното седење е поштетно од цигарите, дијабетесот, па и од срцевите болести.
- Лошата телесна форма, слабите резултати од лентата за трчање и од другите вежби се позагрижувачки и од високиот крвен притисок и од пушењето. Лекот за тоа е вежбањето - истакнува д-р Ваел Џабер.
Тој нагласува дека вежбањето е полезно за луѓето од сите возрасти, и за мажите и за жените.
-Срцевите заболувања и дијабетесот се најскапи за лекување во САД и чинат над 200 милиони долари годишно. Наместо да плаќаме толкави износи за тоа, треба да се поттикнат граѓаните на вежбање - оценува д-р Џабер.
Извор: МИА