X
 01.12.2016 Култура

Седумте можни сценарија за референдумот во Италија


Матео Ренци

Инвеститорите, кои сè уште се опоравуваат од демократските шокови во Велика Британија и САД, се сериозно загрижени за иднината на Италија во европската монетарна унија. Грижата е насочена кон фактот дека доколку падне предлогот за уставни реформи на премиерот Матео Ренци на референдумот што ќе се одржи на 4 декември, би се предизвикала уште поголема нестабилност во веќе кревката политичка стабилност во Италија. Неуспешниот референдум би бил ветер во грб на популистичкото опозиционо движење „Пет ѕвезди“, кои заговараат напуштање на заедничката валута.

Ренци предлага промени на речиси третина одредби од Уставот, со цел намалување на бројноста и овластувањата на горниот парламентарен дом. Италија, според Устав, има дводомен парламент, што според овластувањата се дели на поеднаквите Сенат (горен дом) и застапнички или долен дом, пишува ББЦ. Според реформите на Ренци, бројот на пратеници во Сенатот би се намалил од 315 на 100, при што би го изгубиле правото да покренуваат постапка за изгласување недоверба на Владата. Bloomberg ги издвојува седумте најважни факти за иднината на Италија во еврозоната.

1.    Зошто се загрижени пазарите?

Поразот на Ренци, кој го иницираше референдумот и вети дека ќе даде оставка доколку неговиот предлог за уставни реформи не помине, би можел да доведе до предвремени парламентарни избори, што ќе бидат особено поволни за движењето „Пет ѕвезди“. Еден од побитните цели на движењето е иницирање на рефендум за останување на Италија во еврозоната. Некои од инвеститорите веќе го предвидуваат крахот на ЕУ. „Сметаме дека ЕУ ќе се распадне, а Италија ќе ја напушти еврозоната. Иако до неодамна тоа изгледаше невозможно, сè се движи во таа насока“, изјавува Џим Смиџел од американската финансиска компанија SEI Investments Co.

2.    Колку движењето „Пет ѕвезди“ е антиевропско движење? 

Луиџи ди Мајо од „Пет ѕвезди“, потпретседател на долниот дом на италијанскиот парламент, рече дека доколку дојдат на власт, би иницирале советодавен референдум за еврото. Иако не беше прецизен со која валута би го замениле. Во интервју за италијанската Република, додаде дека тие се залагаат за „евро во две брзини или национална валута“.

3.    Зошто стравувањата на инвеститорите се чинат претерани?

Затоа што излегувањето од еврозоната трае долго и бара комплексни преговори. Како што токму сега откриваат Британците, излегувањето од ЕУ не е така едноставно. „Идејата дека Италија ќе го напушти еврото ден по референдумот, навистина е претерана“, вели Антонио  Вилафранка, аналитичар во италијанскиот Меѓународен политолошки институт. Дури и ако поразот на Ренци предизвика предвремени парламентарини избори, никој не може да гарантира дека „Пет ѕвезди“ ќе дојдат на власт. „Ќе им биде тешко да обезбедат коалициски партнери и да формираат мнозинство во парламентот“, вели Вилафранка.

4.    Кои се законските препреки за напуштање на еврото?

Италијанскиот Устав забранува поништување на меѓународните спогодби со референдум, така што пред напуштањето на еврото со референдум, најпрво треба да се смени Уставот. Таквиот амандман би барал двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот. Дури и Италијанците да изгласаат напуштање на еврото, резултатот од референдумот би можел да биде блокиран од Уставниот суд.

5.    Како би реагирале пазарите?

Самата политичка намера за напштање на еврото би предизвикала негативна реакција на пазарите. „Секој релевантен глас за излегување од еврозоната би предизвикал бегство на капиталот и немир на пазарот“, велат лондонските економисти, Џанлука Салфорд и Марко Протопап. Пазарите се во стресна состојба и пред самиот референдум за уставни реформи заради последиците што можат да следат.

6.    Сакаат ли Италијанците навистина да се откажат од еврото?

Па, и не баш. Анкетата што пред една недела ја објави Ла Стампа, покажа дека само 15,2 проценти од Италијанците се ЗА напуштање на еврото, а дури 67,4 проценти веруваат во единствена европска валута.

7.    Значи, сепак нема причина за загриженост?

Засега единствено овие нешта се непознати. Она што е сигурно е дека поразот на Ренци на референдумот би предизвикал економска нестабилност, чиј размер тешко може да се предвиди.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура