X
 08.11.2021 Здравје

Сѐ што треба да знаете за новиот лек за ковид-19 на „Фајзер“

Речиси по една година откако фармацевтската компанија „Фајзер“ објави дека има вакцина против ковид-19, сега извести дека има лек за заболените од истата болест. Новиот лек на „Фајзер“ доаѓа по околу еден месец откако беше создаден првиот лек против ковид-19 од „Риџбек баотерапјутикс“ и „Мерк“. Што треба да знаеме за новиот лек за ковид-19 на „Фајзер“?

Името

Новиот лек на „Фајзер“ е наречен паксловид (Paxlovid).

За кого е наменет?

Докторите треба да одлучат кои пациенти ќе го примат лекот, но секој пациент би можел да има полза. Оние што имаат најголем ризик од развивање тешки симптоми се првите лица што ќе го примат лекот.

Колку е ефективен?

Новиот лек ги намалува шансите за хоспитализација или смрт за 89 отсто во споредба со плацебо.

Како функционира?

Лекот го спречува размножувањето на ензимот САРС-КоВ-2 во телото.

Што менува лекот во поглед на вакцините?

Ништо не се менува кога станува збор за вакцините. Тие се најдобра заштита од ковид-19.

Кога ќе биде достапен?

Сè уште не било поднесено барање за користење на лекот од страна на американската Агенција за храна и лекови, но компанијата планира да го стори тоа што поскоро. Можно е да се добие итно одобрување пред крајот на годината, но тоа не е сигурно.

Извор: Fast Company
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје