Едно истражување покажува дека треба да пееме што повеќе бидејќи тоа е добро за здравјето.
Во тек е истражување за психичките и физиолошки предности на пеењето, а првичните резултати ветуваат многу. Во научниот експеримент учествуваа 1.779 лица што членуваат во хорови низ светот.
Според научниците, испитаниците се доказ дека пеењето го подобрува здравјето и позитивно влијае врз поврзаноста со другите, когнитивната стимулација и менталното здравје.
Фото: Pixabay
Ова истражување само ги дополнува другите слични истражувања за пеењето што биле спроведени претходно. Според експертите, пеењето го подобрува расположението, а пеењето во хор создава чувство на групен идентитет. Тоа чувство на припаѓање произлегува од лачењето на хормоните ендорфин и окситоцин во текот на пеењето. Овие два хормони помагаат во намалувањето на стресот и подобрувањето на расположението.
Според некои истражувања, групното пеење помага и против депресијата и анксиозноста и многу е корисно за лица што страдаат од деменција и Паркинсонова болест.
Згора на тоа, пеењето го подобрува и здравјето на дишните патишта. Истражување од 2014 година покажало дека пеењето ги олеснува симптомите на астма.
Извор:
DDL