X
 17.04.2016 Култура

На кој начин работат истражувачките новинари?

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) веќе откри бројни скандали. Станува збор за 200 новинари од 65 земји.

 

1


Доколку не постоеше Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, под итно ќе требаше да се создаде, вели Жерард Рајл, директор на мрежата на новинарство. Во време кога буџетите за известување од странство и истражувачките теми се намалуваат, мрежите на истражувачките новинари треба да се погрижи медиумите да бидат и понатаму критични очи и уши: „Бизнис моделите на новинарство се распаѓаат. Затоа се бараат нови информациски модели. И тука ја гледаме нашата можност: со тоа што соработуваме, штедиме на ресурси“, вели Жерард.

Во меѓувреме, мрежата се состои од скоро 200 новинари и 65 земји. Оваа непрофитна организација со седиште во Вашингтон, е основана во 1997 година. Но, стана светски славна пред три години со аферата „OffshoreLeaks“. На Жерард тогаш му биле доставени тајни информации од даночните оази. Тие биле 160 пати пообемни од материјалите кои се појавија во контект на аферата „WikiLeaks“.

Следуваа извештаи за имотната состојба на кинеското раководство во странство, „LuxLeaks“, извештајот од Луксембург и „SwissLeaks“ од Швајцарија. Сето тоа го отвори патот за „Pana Papers“, вели Жерард.

Цело време анализата на големите количини на податоци е реализиран во соработка на транснационалните и транс-регионалните мрежи на истражувачки новинари. „Ние за ситни пари можеме да создадеме виртуелни „newsrooms“. Сите документи од „Panama Papers“ ги доставуваме на сервери и тие можат да се читат од било кое место во светот. Тоа пред 5-10 години не беше возможно“.

 

2


Во „newsrooms“ на истражувачките мрежни новинари од различни континенти, тие можат да разменуваат информации и материјали. Тоа придонесува во расветлувањето на други скандали кои се откриени со помош на непрофитната организација од Вашингтон: на пример меѓународната трговија со човечки органи или масовното прогонување како резултат на проектот за преместување на Светската банка. „Ако новинарите кои ги истражуваат „Panama Papers“ наидат на дилери на дрога, тогаш може да се основа истражувачка група за трговија со дрога и ако некои колеги знаат за оваа тема, можат да се вклучат. Нашите соби најдобро можат да се споредат со Фејсбук, тоа е Фејсбук за новинари“, вели Жерард.

Истражувањето, обработката и анализата на податоците од „Panama Papers“ кои првично ги имаше само „Süddeutsche Zeitung“ траеше цела година. На крајот во него учествуваа 370 новинари од повеќе од 70 земји.

Важна задача на истражувачките мрежи во Вашингтон е да се осигура кај ваквите документи сите новинари кои учествуваат во проектот да се држат до договорт и никој да не излезе во јавноста со нив. Директорот на мрежата, Рајл кој и самиот бил 30 година истражувачки новинар во Австралија, оваа работа ја споредува со обидот да се чува чопор мачки: „Новинарите се обично многу себични. Затоа мора да ги увериме дека резултатите до кои ќе дојдат ќе биде подобар ако ги разменуваат информациите и податоците кои ги имаат. Тоа важи и за соработката помеѓу весниците, телевизијата и радио програмите“.

Во канцеларијта на ICIJ во Вашингтон во која седат 12 вработени не се само новинари кои истражуваат туки и компјутерски и информациски експерти кои дигитално ги обработуваат резултатите на истражувачката работа. Парите за тоа директорот мора сам да ги собира: „Ние сме целосно зависни од донациите“.

Поголеми донации доаѓаат од Фондацијата на Холанѓаните, британското отворено општество или американскиот пулицеров центар за известување за кризи. Голем дел од средствата со кои се финансира оваа организација на новинарски мрежи доаѓаат од мали донации - граѓаните кои се уверени дека критичките медиуми и истражувачкото новинарство е важно за функционирање на демократијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура